Општи одредби

Оваа интернет страница (maplast-m.mk) е во сопственост на Мапласт-М Скопје и е наменета за пребарување и/или купување на производи и услуги.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Мапласт-М, значи дека сте запознaени со нашите Правила и услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Правила и услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и производите и услугите понудени на истата.

Мапласт-М Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие Правила и услови за користење и не ги применува истите.

Политики за користење на системот за електронска трговија

Со самиот пристап на интернет страницата maplast-m.mk, а и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. Мапласт-М го задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот +389 2 2777 341 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да нѐ комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail: [email protected]